Најмалку 4.000 луѓе се убиени во војната против Иран

Иран
Рушевини од училиштетот во Минаб, во кое загинаа преку 100 деца

Најмалку 4.000 луѓе се убиени во американските и израелските напади врз Иран, изјави за новинарите Абдул Маџид Хаким Елахи, портпарол на Врховниот лидер на Исламската Република во Индија.

„Досега, повеќе од 4.000 цивили загинаа во оваа војна“, го цитираше АНИ. „Тие убија многу цивили. За да ги исплашат луѓето, двапати нападнаа основно училиште за девојчиња, убивајќи 175 невини деца. Никој не може да каже дека ова беше грешка“, додаде Елахи.

Огромен број на јавни, цивилни објекти, биле цел на нападите.

„Досега, тие уништија повеќе од 100.000 домови и убија повеќе од 4.000 невини цивили. Тие оштетија повеќе од 50 болници и 25 универзитети. Повеќе од 40.000 цивили се повредени“, рече Елахи.

Тој потсети дека Трамп се закани дека ќе ја уништи иранската, персиска, цивилизација, стара над 7000 години.

„Тие уништија мостови, јавни простори, лаборатории и институции. Немаа никаква почит кон луѓето. Нивните постапки беа лишени од морал и човечност. Ги убија сите што ги видоа. На крајот, тие изјавија дека ќе ја уништат иранската цивилизација, која е стара повеќе од 7.000 години“, истакна тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен