Откриена причината за шамарот што го доби Макрон: Убавата Голшифтех Фахрани

Преписката со иранска актерка беше причина за шлаканицата што првата дама на Франција му ја зададе на својот сопруг пред околу една година, напишаа голем број француски медиуми BFMTV, Voisin, Madame Figaro и 20 Minutes.

Пред речиси една година, медиумите низ целиот свет и интернет трескаво коментираа дали првата дама на Франција, Брижит Макрон, навистина го удрила својот сопруг, претседателот Емануел Макрон, кратко пред двојката да излезе од авионот во виетнамската престолнина.

Сега, во нова книга насловена како „(Речиси) совршен пар“, новинарот Флоријан Тардиф, кој е политички коментатор за француското издание „Paris Match“, ја развива хипотезата дека пред околу една година Макрон разменил пораки со иранската актерка Голшифтех Фахрани, а првата дама на Франција го открила ова и го удрила претседателот.

Иранската актерка Голшифтех Фахрани

Придружбата на првата дама категорично ја негираше оваа верзија. Изданието Parisien дури истакнува дека на 5 март Брижит Макрон ги негирала овие гласини на самиот автор на книгата. Таа тогаш му кажала дека никогаш не гледа во телефонот на својот сопруг.

Пред една година, Елисејската палата и семејството Макрон изјавија дека гестот, кој изгледал како шлаканица, бил шега меѓу двајцата сопружници.

Според новинарот од „Париз Меч“, сепак, тоа била сцена меѓу сопружници. Тој додава дека Макрон одржувал платонска врска со актерката, која живее во Париз, неколку месеци. Оваа врска била изразена со испраќање пораки што оделе многу далеку. Во една од нив, на пример, Макрон ѝ рекол на актерката: „Те сметам за многу убава“, вели новинарот Тардиф.

Голшифтех Фахрани има 42 години. Родена е во Техеран, но избегала од својата земја во 2007 година и оттогаш живее во Франција. Позната е по своите улоги во продукциите „Приказната за Ели“ од Асгар Фахради, „Патерсон“ од Џим Џармуш или „Читајќи ја Лолита во Техеран“ од Еран Риклис.

Најчитано