Пожар во зграда во центарот на Сиднеј

Во центарот на Сиднеј пожарникарите денеска гаснат пожар кој зафати зграда со повеќе спратови. Итната помош ја опколи областа, а засега нема информации за повредени.

Според објавени снимки, зградата се наоѓа во близина на централната железничка станица во Сиднеј.

Покрај зградата гори и автомобил паркиран во близина.

Железничкиот сообраќај во близина на пожарот е во прекин до понатамошно известување, соопштија локалните власти.

Портпаролот на полицијата на Нов Јужен Велс изјави дека нема информации за повредени лица.

May 25, 2023 12:28

in ДЕНЕС, СВЕТ

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?