Познато е каде ќе се сретнат Трамп и Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да се сретнат во Саудиска Арабија, јавува Асошиетед прес. Трамп не прецизираше кога може да се одржи средбата, но рече дека „нема да биде во далечна иднина“.

Тој додаде дека претходно поголемиот дел од темите со рускиот претседател ќе се водат низ телефонски разговор. За потсетување, Доналд Трамп и Владимир Путин денеска телефонски разговараа на повеќе теми со фокус на завршување на војната во Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков откри дека рускиот претседател го поканил Трамп да дојде во Москва. По тој разговор, Трамп разговараше и со Володимир Зеленски, претседателот на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен