Актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц повторно ќе биде кандидат на неговата Социјалдемократска партија (СПД) на престојните парламентарни избори во февруари.
Извршното тело на СПД го потврди Шолц како кандидат, иако во јавноста се дискутираше дали е попаметно попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус да биде претставен како заменски кандидат.
По поразот на СДП на европските избори во јуни минатата година, позицијата на Шолц и партијата се соочија со уште еден тежок удар со падот на германската коалициска влада во ноември.
За разлика од неговата прва кандидатура за канцелар во 2021 година, Шолц овојпат не беше избран со тајно гласање.