Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спречен терористички напад на Исламска Држава во Сирија

Фото: Tasnim News Agency, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Екстремистичката група Исламска држава се обидела да го нападна мавзолејод Сајед Зеинаб во Сирија, соопштија новите сириски власти кои го спречиле нападот.

Мавзолејот го посетуваат шиитски верници во јужните предградија на сирискиот главен град Дамаск.

Како што објавија сириските медиуми уапсени биле членови на ќелија на ИД кои го планирале нападот, а МВР на Сирија објави снимка од четири лица, претставени како „членови на ќелија на Исламска држава“ и додаде дека безбедносните сили извршиле рација во нивното скривалиште во близина на Дамаск.

Ова е прва објава за спречен терористички напад во Сирија по преземањето на власта од сириските бунтовници на 8 декември.

Мавзолејот Сајида Зејнаб и претходно беше цел на напади на Исламска држава врз шиитските аџии. Исламска држава применува екстремно толкување на сунитскиот ислам и ги смета шиитите за неверници.

Зачлени се на нашиот е-билтен