Танкер се запали кај Сочи, спасени 23 членови на екипажот

Нафтен танкер се запали во Црното Море во близина на рускиот град Сочи, откако бил погоден во напад со беспилотно пловило, соопшти руското Министерство за транспорт. Сите 23 членови на екипажот се спасени и нема повредени.

Станува збор за танкерот „Афрамакс Рио“, кој пловел под знамето на Либерија. Екипажот го сочинувале 23 индиски државјани.

По нападот на бродот избувнал голем пожар, а густ црн чад бил видлив од крајбрежјето на Сочи. Поради инцидентот локалните власти привремено го ограничиле пристапот до дел од плажите и крајбрежјето.

Руските власти соопштија дека пожарникарските екипи можеле да му пристапат на танкерот откако интензитетот на пожарот се намалил. Подоцна отворениот оган бил изгаснат.

Надлежните служби соопштија дека досега не е регистрирано загадување на крајбрежјето или на морската површина со нафта.

Руското Министерство за транспорт тврди дека танкерот бил нападнат со беспилотно пловило. Украина засега јавно не ја презеде одговорноста за нападот.

Инцидентот се случува во период на зачестени напади врз бродови и инфраструктура во Црното Море во рамки на војната меѓу Русија и Украина.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?