Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „добри разговори“ со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски во обид да се постигне договор за војната во Украина.
„Работиме на ситуацијата со Русија, Русија и Украина и се надевам дека ќе можеме да го постигнеме тоа“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
„Разговарам со него, разговарам со претседателот Зеленски и тоа се добри разговори“, рече тој, без да прецизира кога се одржале разговорите со двајцата лидери.
„Омразата меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски е смешна. Лудо е. Омразата е лоша работа. Омразата е лоша работа кога се обидувате да решите нешто, но тоа ќе се случи“, рече Трамп.
Трамп вети дека ќе ја заврши војната, која започна со целосна руска инвазија на Украина во февруари 2022 година, но по повеќе од една година од неговиот втор мандат, конфликтот продолжува.