Закерберг против кочење на ВИ: Независен надзор наместо пауза

Марк Закерберг се спротивстави на повиците за координирано забавување на развојот на најнапредната вештачка интелигенција и предлага компаниите да користат независни оценувачи и советници за проверка на безбедноста на своите модели.

Извршниот директор на „Мета“ смета дека секоја лабораторија има и одговорност и економски интерес самостојно да го приспособи темпото на развој кога безбедноста го бара тоа, без да чека договор со конкурентите. Независните проверки, според него, треба да станат стандардна практика во индустријата.

Како пример го посочи развојот на ВИ-алатката Muse. „Мета“ го одложила нејзиното пуштање за неколку месеци за да ги засили безбедносните проверки, без да бара и другите компании истовремено да го запрат својот развој.

Ставот на Закерберг доаѓа во момент кога во технолошката индустрија се отвора сериозна поделба околу брзината со која треба да напредува ВИ. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, повика на забавување на развојот на најмоќните модели поради ризиците од системи кои би можеле сè повеќе самостојно да ги подобруваат сопствените способности. Неговиот повик го поддржаа и Сем Алтман од OpenAI и Илон Маск.

Закерберг, пак, тврди дека конкуренцијата, можната правна одговорност и потребата корисниците да им веруваат на производите веќе создаваат силен притисок компаниите да инвестираат во безбедноста.

Сличен став изнесе и шефот на „Енвидија“, Џенсен Хуанг. Според него, безбедноста треба да биде составен дел од развојот, но не мора автоматски да значи запирање на целата индустрија. Тој оцени дека компаниите треба да го намалат темпото кога конкретен производ не е доволно безбеден.

Дебатата станува сè поголема токму затоа што најмоќните ВИ-компании истовремено се натпреваруваат за технолошка предност и предупредуваат на ризиците од системите што самите ги развиваат. Прашањето сега е дали безбедноста ќе се регулира преку заеднички правила и законски ограничувања или преку независни проверки и одговорност на секоја компанија одделно.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?