Ова се топ 10 најмалку посетени земји по број на туристи

Луксембург
Луксембург

Компанијата Riviera Travel ги анализираше податоците на Евростат и бројките за ноќевања во земјите во Европа во текот на 2023 година за да утврди кои дестинации имаат најмал број туристи. На прво место е Луксембург, а потоа следуваат земјите од регионот – Србија, Унгарија и Словенија.

Според нивните податоци, за една година во Луксембург се забележани само 3,4 милиони ноќевања. За полесна споредба ја наведоа Шпанија, која има високо туристичко присуство и бележи неверојатни 484,9 милиони ноќевања во целата земја. Додека Луксембург има прекрасна природа погодна за пешачење, прекрасни клисури и главен град полн со атракции, оваа мала нација е во сенка на Франција, Германија и Белгија, напиша TimeOut.

На второ место е Латвија, каде што туристите забележале 4,3 милиони ноќевања во 2023 година, а на трето е Естонија со 6,3 милиони.

10 европски дестинации со најмалку посетители:

  1. Луксембург
  2. Латвија
  3. Естонија
  4. Малта
  5. Србија
  6. Словачка
  7. Словенија
  8. Бугарија
  9. Романија
  10. Унгарија

Зачлени се на нашиот е-билтен