Ахмети во ТВ 21: Нема влада без уставни промени, партии од албанскиот блок потпишаа договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против Уставни промени.

„Договорот е потпишан…Помеѓу АА, ДПА, БЕСА и Алтернатива. Ако не грешам, да, Алтернатива беше…“, вели Ахмети.

Според него овој договор бил потпишан пред месец и половина, кога кај него го донел тогашниот министер за администрација Азир Алиу.

„Азир Алиу. Беше потпишан само од д-р Таравари како претседател на Алијанса. Потпишав… Да, веднаш. Се пожали Азир Алиу дека му создаваат проблеми, заборавив и партијата на Изет. Движењето за промени. Дека му создаваат другите партии, зошто ДУИ тука, зошто таму, треба да биде на крај, тој рекол дека го направил со азбука, ако има друга формула…“, вели Ахмети.

На новинарското прашање што вели договорот текстуално, Али Ахмету одговори: „Нема партнерство со политички партии кои се против уставните промени и против евро-атлантскиот пат на С. Македонија. Толку. Нема влада со политичка партија која е против уставните промени“.

Во однос на симулираната собраниска седница на која изгласаа уставни измени, назначен беше и претседател на Собранието, како и изгласан Бујар Османи за претседател, Ахмети рече дека тоа не било провокација туку порака за тоа какви задачи го чекаат идното Собрание.

Треба да знаете
Moже да ве интересира