Академија Балканика Еуропеана – Балканот духовен извор на европската цивилизација

Со изложбата на макети и илустрации од анимирани филмови под наслов „Балканот во перманентна анимација“, во галеријата на Кинотека на РСМ, на 10 мај од 13:00 часот ќе отпочне годишниот настан: “Балканот е срцето на Европа 2023 – Балканот духовен извор на европската цивилизација“.

На настанот, во организација на Academia Balkanica Europeana, со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје, со свои изведби и дела (филмски презентации, теaтарски претстави и други културни и уметнички перформанси) ќе се претстават повеќе млади уметници од регионот.

Academia Balkanica Europeana (www.ab-europeana.org) обединува  повеќе значајни творци од областа на културата,  науката и уметноста од десет балкански земји, со цел да им овозможи на културната јавност и  младите луѓе од регионот да ги откријат темите и предизвиците на уметничкиот и културниот свет во својот оригинален контекст.

Од повеќето содржини  на манифестацијата, вреди да се издвојат театарските изведби „Плеј Чехов“ и „Шекспир дримс“ на студентите од класата на проф. Дејан Пројковски и настапот на младите музички уметници од класите на проф. Александар Трајковски и проф. Дарко Мариновски.

Во текот на трите дена во кои што ќе се одвива манифестацијата,  ќе бидат оранизирани и мастер клас по анимација на проф. Крсте Господиновски, како и мастер-клас по актерска игра од познатиот актер и режисер Лаерт Васили.

Исто така, во рамките на манифестцијата ќе се одржи меѓународна онлајн конференција, на која ќе учествуваат повеќе значајни интелектулци и творци од Македонија и регионот како, проф. Јордан Плевнеш, проф. Александар Прокопиев, проф. Елизабета Шелева, проф. Башким Шеху, проф.Хачиф Мулиќи, проф. Љубомир Кекеновски итн.  

Зачлени се на нашиот е-билтен