Албански медиуми: Судот во Стразбур одлучи албанската влада да ги обештети семејствата на жртвите од Грдец; Одобрен Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа

Судот во Стразбур пред неколку недели одлучи дека треба да има парична отштета за 17 лица, повредени и членови на семејствата на жртвите во трагедијата во 2008 година, известуваат албанските медиуми.

Комитетот за политика и демократија во Париз го одобри Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Визион Плус: Владата ја извршува одлуката на Судот во Стразбур за обештетување на семејствата погодени од трагедијата во Грдец

Албанската влада на денешниот состанок на Советот на министри одлучи да ја спроведе одлуката донесена од Националниот суд за човекови права, за обештетување на семејствата на жртвите од Гердец.

Судот во Стразбур пред неколку недели одлучи дека треба да има парична отштета за 17 лица, повредени и членови на семејствата на жртвите во трагедијата во 2008 година, пренесе Визион Плус.

Досја: Шефот на грчката дипломатија бара европски фокус на случајот Белери

Министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис денеска изјави дека случајот со Фреди Белери, градоначалник од албанското грчко малцинство, кој неодамна беше осуден на две години затвор за купување гласови, треба да се гледа како европска грижа, а не како билатерално прашање меѓу двата балкански соседи. .

„Ова не е билатерално прашање. Ако земја-кандидатка која претендира да се приклучи на Европската унија ги поддржува принципите на владеењето на правото и ги почитува политичките права на своите граѓани, тоа не е билатерално. Тоа е европско прашање и мораме да го сфатиме како такво и да го истакнеме на сите форуми“, рече Герапетритис, пренесе Досја.

КОСОВО

Репортери: Косово успешно помина на ревизијата на Извештајот за членство во Советот на Европа

Комитетот за политика и демократија во Париз го одобри Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа, пренесува Репортери.

На ваквата одлука реагираше и претседателката на Косово, Вјоса Османи, која рече дека на Косово му останува само уште еден чекор за членство.

Ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници за сите наши граѓани да имаат пристап до инструментите на Советот на Европа преку полноправно членство“, напиша Османи на социјалната мрежа „Икс“.

РТВ 21: Девет месеци под казнените мерки на ЕУ, штети над 300 милиони евра

Над 300 милиони евра се сметаат за штетите на Косово од казнените мерки на ЕУ кои продолжуваат да важат веќе девет месеци. Пратениците во Европскиот парламент бараат тие што поскоро да бидат отстранети. Владејачката партија Ветевендосје не очекува укинување na казнените мерки додека Борел и Лајчак не бидат шефови на надворешната политика на ЕУ, додека опозицијата за овие мерки ја обвинува Владата.

Од Стопанската комора предупредуваат на продлабочување на последиците доколку мерките не се отстранат во најбрз можен рок.

Европската унија не соопшти кога ќе бидат укинати овие мерки. Но, пратеникот во Европскиот парламент Лукас Мандл вели дека тие треба што поскоро да бидат отстранети. На прашањето дали Заедницата на општините со мнозинско српско население е услов за укинување на мерките, тој рече дека нивното укинување не треба да се поврзува со тоа, пренесе РТВ 21.

КОЛУМНА

Бота Сот: Предизборна верска кауза

„Овој политички и верски предизборен дух со мотото „Не за Русија“ и „Промената доаѓа“, всушност повеќе личи на битка за реис улемата на Исламската заедница и имамите на џамиите отколку на демократска претседателска и парламентарна изборна трка. .

Светиот месец Рамазан се поклопи со времето на изборите и тој со сета своја арсенал религија се разобличува како единствен адут за победа на изборите.“, пишува Авторката Дијана Тоска во колумната „Предизборна верска кауза“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира