Аргентина бара апсење на ирански министер поради бомбашки напад на еврејски културен центар во 1994 година

Аргентина денеска побара Интерпол да издаде меѓународна потерница за иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди, поради неговата наводна вмешаност во бомбашкиот напад на еврејскиот културен центар во Буенос Аирес во 1994 година, јавува Би-Би-Си.

Барањето доаѓа само две недели откако судот во Аргентина утврди дека Иран е одговорен за бомбашкиот напад во 1994 година, во кој загинаа 85 луѓе и се смета за најсмртоносниот терористички напад во историјата на оваа јужноамериканска земја.

Аргентинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Интерпол издаде таканаречено „црвено известување“ со кое ги предупредува полициите во земјите-членки за меѓународно бараните бегалци, но не претставува налог за апсење.

Интерпол не може да ја натера полицијата да уапси некого за кого е издадена само тоа „црвено известување“, но на земјата-членка останува да одлучи дали ќе го уапси лицето. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира