Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата предводена од СДСМ вистински и посветено работи и ќе продолжи да работи и во новиот мандат на заокружување на патот до полноправно членство во Европската Унија до 2030 година. Дотогаш, Европа ќе ја донесеме овде, во Македонија. Ќе продолжиме неуморно да се развиваме дома, затоа што имаме јасна и остварлива програма за тоа да го постигнеме“, изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешната прес-конференција која се одржа во Куманово.

Тој нагласи дека патот до интеграцијата не е лесен и бара многу промени, знаење, посветеност, искуство и искрена намера за тоа да се случи.

„Во претходните години видовме дека во опозицијата се собрани кочничарите на напредокот, гласноговорниците на минатото, на поделбите. Немаат план како да продолжи државата напред. Но нема да дозволиме повторно да ја втурнат Македонија во темнина. Државнички, вистински и храбри одлуки донесувала и ќе продолжи да донeсува СДСМ“, изјави потпретседателот на СДСМ, Битиќи на прес-конференцијата во Куманово.

Битиќи посочи дека СДСМ веќе ја има започнато европеизацијата во Македонија, со тоа што минатата година Владата заедно со ЕУ работеше на развивањето и Планот за раст.

„Планот за раст е новиот инструмент на ЕУ со кој во следните 3 години се предвидува загарантирана поддршка за нашата земја од 850 милиони евра. Ќе воспоставиме зелени коридори во регионот, ќе ја олесниме регионалната соработка преку подобрени царински постапки и процеси. Ќе го намалиме времето на чекање на границите, ќе ја зголемиме трговската размена, а со тоа ќе го зголемиме нашиот економски раст и развој. Бизнисот ќе почувствува што значи Европа и пред исполнувањето на нашата стратешка мисија за полноправно членство“, рече Битиќи.

Зборувајќи за придобивките од Планот за раст, Битиќи посочи дека една од придобивките кои сите граѓани ќе ја почувствуваат во наредните четири години ќе биде воведувањето на безжична интернет мрежа на јавните простори на Западен Балкан (Wi-Fi for Western Balkans).

„Граѓаните ќе добијат бесплатен интернет на јавни простори и во јавни објекти во 500 општини во регионот. Планот за раст и Реформската агенда кои во детали се преговарани со Брисел, ќе ни донесат и дигитализација на сите процеси кои се однесуваат на доделувањето државна помош на бизнисите од страна на државата, зголемување на капацитетите на инспекциските служби, а намалување на неформалната економија, зголемено вложување во инфраструктурата во целата држава, реформирање на големите државни загубари како МЖ Транспорт и АД Пошти, со нивна модернизација и оптимизација на процесите“, рече Битиќи и порача дека само СДСМ и Коалицијата за европска иднина можат, сакаат и знаат како да го одат овој пат заедно со граѓаните, а кој ќе донесе европски стандард и достоинствен живот за сите.

„На 8-ми мај, изборот дали државата ќе оди напред, кон ЕУ или назад во хаос и изолација, ќе биде на Вас граѓаните. Со поддршка за Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз и бројот 1, вашиот глас ќе биде глас за европска Македонија“, порача Битиќи од прес-конференцијата во Куманово.

Треба да знаете
Moже да ве интересира