Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Четири лица убиени во напад со израелски дрон во Либан

 Четири лица загинаа денеска во напад на израелски дрон врз возило во јужен Либан, соопшти либанската цивилна одбрана, а безбедносни извори наведоа дека станува збор за членови на екстремистичкиот Хезболах.

Оваа проиранска шиитска организација почна да ги напаѓа израелските воени позиции долж границата меѓу Либан и Израел еден ден по почетокот на војната меѓу израелската армија и палестинската терористичка организација Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш во Либан се убиени повеќе од 350 луѓе, од кои 275 се членови на Хезболах и повеќе од 70 цивили.

Во Израел загинаа 15 војници и десет цивили.

Странски претставници го посетуваат Либан во обид да помогнат во намалувањето на тензиите на границата, но Хезболах постојано повторува дека нема да престане да се бори додека не се воспостави прекин на огнот во војната во Газа. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира