Целакоска: ВАЖНО Е! медиумите да бидат слободни да реализираат нарачки на ВМРО-ДПМНЕ

Професорката и колумнистка на Рацин.мк, Емилија Целакоска, во објава на Фејсбук реагира на инцидентот предизвикан од директорот на телевизијата „Канал 5“ Иван Мирчевски, кој со вклучувањето во емисијата „Само вистина“ го избрка гостинот Исмет Рамадани, незадоволен од неговите изнесени ставови.

Целакоска го иронизира слоганот од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ – „ВАЖНО Е!“

„#Важно е медиумите да бидат слободни да прекинуваат емисии.

#Важно е медиумите да бидат слободни да бркаат гости од емисија.

А нај #Важно е медиумите да бидат слободни да реализираат нарачки на ВМРО ДПМНЕ“, пишува Целакоска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира