Делови од Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска, 6 јули, ќе имаат привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа.
Најдолгиот прекин е најавен во Општина Аеродром. Корисниците на улицата „Тодор Чангов“ ќе бидат без струја од 8 до 15 часот, односно седум часа.
Во Општина Гази Баба, електрична енергија нема да има од 8:30 до 14:30 часот на дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, кај објектите на ЗПЗ „Напредок“, сендвичарницата „Хит“ и на потегот од Триангла до надвозникот кон Ченто.
Во Карпош, од 9 до 13 часот, прекин е најавен за објектите на улицата „Вангел Динуи“ и за дел од непарните броеви на улицата „Франце Прешерн“.
Без струја од 9:30 до 14:30 часот ќе бидат и дел од корисниците на улиците „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“ во Општина Ѓорче Петров.
Од Електродистрибуција наведуваат дека планираните прекини се реализираат според однапред утврдени планови за реконструкција и модернизација на мрежата. Можно е отстапување од најавените термини во зависност од сложеноста на работите и условите на терен.
