Делови од Скопје денеска, 17 април, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа. Според објавените информации, прекините се најавени во општините Карпош, Сарај и Центар, а на одделни локации ќе траат до 14 часот, додека на други и подолго.
Во Карпош, без струја од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците 1506 и 1550 во населбата Момин Поток, како и деловните објекти на „Електроводомонт“ и „Европа 92“. Во Сарај, прекин од 09:30 до 14:00 часот е најавен за селата Рашче, Копаница и Бојане, за каптажата Рашче, како и за дел од домаќинствата во Кондово.
Во општина Центар, пак, без електрична енергија од 11:00 до 13:00 часот ќе останат делови од улицата „Рилски Конгрес“, од број 2 до 8, како и дел од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“, на потегот од крстосницата со „Христо Чернопеев“ до „Рилски Конгрес“.
Планираните исклучувања, според најавите, се дел од реконструкција и модернизација на електродистрибутивната мрежа. Од Електродистрибуција посочуваат дека тековните и идните прекини можат да се следат и преку нивната мапа за исклучувања.