Денеска без струја делови од Илинден, Кисела Вода, Сопиште и Гази Баба

Повеќе населени места во Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.

Од 6 до 13 часот без струја ќе бидат жителите на Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино, како и делови од населбата Дрма во Општина Илинден.

Од 9 до 14 часот прекин е најавен за дел од корисниците во Нова Брезница во Општина Сопиште, како и за објектите на улицата „Христо Татарчев“ број 49Г и околината кај поранешната фабрика „Црвена ѕвезда“ во Кисела Вода.

Во делови од Инџиково, во Општина Гази Баба, струја ќе нема од 8:30 до 14:30 часот.

Прекините се планирани и се поврзани со работи на електродистрибутивната мрежа.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?