Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕК одобри исплата на државна поддршка од Франција за агенцијата Франс прес 

Врз основа на правилата на ЕУ за државна помош, Европската комисија денеска го одобри францускиот план за исплата на државна поддршка на новинската Агенција Франс прес (АФП) во износ од 120 милиони евра годишно за периодот од 2024 до 2028 година. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата процени дека планираната финансиска поддршка од Франција е во согласност со правилата на ЕУ за државна помош, а особено со членот 106 став 2 од Договорот за функционирање на Унијата, како и согласно одредбите за надомест за вршење на јавна услуга од општ интерес.  

– Комисијата заклучи дека мерката е неопходна, соодветна и адекватна за да се постигне целта, односно да и се даде надомест на АФП за извршување на мисиите од општ интерес што и се доверени. Врз основа на ова, Комисијата ја одобри француската мерка според правилата на ЕУ за државна помош, се додава во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен