Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еквадор го скрати полицискиот час поради релативниот пад на насилството

 Еквадор, кој е во војна со шверцерите на дрога и криминалните банди, го скрати полицискиот час воведен пред 15 дена во услови на вонредна состојба што драстично го намали дневниот број на убиства.

Во 10 од 24 провинции во земјата, полицискиот час ќе се намали за еден час – од 00:00 часот по локално време (05:00 часот по Гринич) до 05:00 часот (10:00 часот Гринич), според одлуката на претседателот Даниел Нобоа објавена вчера.

Овие области со висок ризик го вклучуваат главниот град Кито и југозападното пристаниште Гвајакил, кое е и центар на насилство од бандите и центар за испораки на кокаин во САД и Европа.

„Благодарение на вонредната состојба прогласена на 8 јануари за период од 60 дена и по распоредувањето на повеќе од 22.000 воени лица на улиците, забележан е надолен тренд на бројот на смртни случаи предизвикани од насилство, со просек од 10 дневно, осум (убиства)“, рече полицискиот командант Цезар Запата на прес-конференција.

Во периодот од 1 до 8 јануари оваа бројка во просек изнесувала 27,6 дневно.

Членовите на 22-те криминални банди во земјата сега се сметаат за „терористи“ и учесници во воени дејства, а земјата се води како во состојба на „вооружен внатрешен конфликт“.

Запата прецизираше дека се приведени „3.219 терористи“, а петмина се убиени. Запленети се поголем број возила, чамци, оружје и експлозиви, како и 22 тони дрога.

Треба да знаете
Moже да ве интересира