Европа гори, мразот се топи: Швајцарските глечери исчезнуваат со алармантна брзина

глечери

Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран во Европа, предупредија денес експертите од швајцарската служба за следење на глечерите GLAMOS.

Според нив, сезонскиот снег и мраз акумулиран во текот на зимата се очекува да се стопат до понеделник, што би претставувало втор најран регистриран „ден на губење на глечери“ во регистрираната историја, објави Гардијан.

Експертите предупредија дека секое понатамошно топење до октомври би довело до дополнително намалување на вкупната маса на глечерите во Швајцарските Алпи, кои брзо се повлекуваат со децении.

Шефот на GLAMOS, Матијас Хус, рече дека низ Алпите се регистрирани „екстремни стапки на топење“, при што некои глечери губат до еден метар мраз вертикално за само десет дена.

Тој процени дека оваа состојба на глечерот е резултат на комбинација од висока температура, ниски зимски снежни врнежи и присуство на сахарска прашина, што дополнително го забрза топењето.

Податоците покажуваат дека швајцарските глечери изгубиле околу 38 проценти од својот волумен помеѓу 2000 и 2024 година, додека околу 1.200 глечери исчезнале во последните 50 години.

Експертите предупредуваат дека ако трендот на затоплување продолжи, само мал број глечери може да останат во Алпите до крајот на векот.

Најчитано