Лига Европа и Конференциската лига денеска продолжуваат со вкупно 36 натпревари. Во Лига Европа се игра петтото коло, а меѓу најинтересните дуели се Олимпијакос – Милан и Динамо Загреб – Баер Леверкузен, двата со почеток во 18:45 часот.
Во вечерниот термин, од 21 часот, Јувентус ја пречекува Омонија, додека Кристал Палас ќе игра против Реал Сосиедад. Селта и Борнмут ќе ги одмерат силите во раниот термин.
Во четвртото коло од Конференциската лига, регионалното внимание ќе биде насочено кон гостувањето на Црвена ѕвезда кај Гент, пресметката Борац – Аталанта и домашниот натпревар на Хајдук против Сент Труден. Сите три средби почнуваат во 21 часот.
Програмата се отвора во 16:30 часот со Каират – Мјалби. Ајакс го пречекува Тун, Брајтон игра против Универзитатеа Крајова, а Монако гостува кај Хартс.
Распоред во Лига Европа
Од 18:45 часот:
- Бешикташ – Хапоел Бер Шева
- Салцбург – Арарат-Ерменија
- Викторија Плзењ – Бенфика
- Динамо Загреб – Баер Леверкузен
- Олимпијакос – Милан
- Марсеј – Левски
- Унион Сен Жилоаз – Лех Познањ
- Селта – Борнмут
Од 21:00 часот:
- Спарта Прага – АЗ Алкмар
- Кристал Палас – Реал Сосиедад
- Ференцварош – Целје
- Јувентус – Омонија
- НЕЦ Најмеген – Рен
- ОФИ Крит – Андерлехт
- Лион – Лилестрем
- Тореенсе – Селтик
- Сандерленд – Јагелонија
- Хофенхајм – Штурм Грац UEFA.com
Распоред во Конференциската лига
Од 16:30 часот:
- Каират – Мјалби
Од 18:45 часот:
- Ајакс – Тун
- Брајтон – Универзитатеа Крајова
- Иберија Тбилиси – Хетафе
- Јаблонец – Лугано
- Кауно Жалгирис – Рига
- Хартс – Монако
- Егнатија – Линколн Ред Импс
- Пафос – Митјиланд
- Бран – Архус
Од 21:00 часот:
- Нордсјеланд – Панатинаикос
- Борац – Аталанта
- Хајдук – Сент Труден
- Интер Ескалдес – Копенхаген
- Гент – Црвена ѕвезда
- ЦСКА Софија – Трабзонспор
- Брага – КуПС
- Фрајбург – Твенте
Сите термини се според македонско време.

