Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фановите разочарани од третата сезона на The Witcher, бараат Netflix да ја прекине серијата

Фановите го повикуваат Нетфликс да ја откаже серијата The Witcher откако многумина ја опишаа нејзината последна сезона како „најлошата досега“.

Кога првата сезона на The Witcher беше објавена на популарната платформа за стриминг во 2019 година, многумина беа возбудени. Серијата, базирана на популарната франшиза за видео игри и серија книги на полскиот автор Анджеј Сапковски, ги воодушеви љубителите на играта кои можеа да ги видат своите омилени ликови во сценографијата на ТВ серијата.

Серијата исто така доби многу фанови кои не ги играле видео игрите и не ги читале книгите, а многумина направија споредби со Game of Thrones, иако двете серии беа доста тешки за споредба. Првата сезона имаше солиден почеток со 68 отсто позитивни оценки од критичарите на Rotten Tomatoes.

Актерската екипа, предводена од Хенри Кавил, беше динамична и фановите почнаа да ја сакаат приказната што се раскажуваше. Втората сезона беше исто така добро примена, а според критичарите, таа беше големо подобрување во однос на првата и имаше импресивни 95 проценти позитивни критики од критичарите на Rotten Tomatoes.

Многумина се надеваа дека Кавил ќе ја води серијата во светла иднина. Сепак, минатата година актерот најави дека по третата сезона ќе се повлече од улогата на главниот протагонист Гералт, а на негово место ќе дојде Лиам Хемсворт. Но, пред Хемсворт да ја преземе улогата, фановите бараат The Witcher да биде откажана пред дури и да стигне до четвртата сезона.

На IMDb, некои епизоди од третата сезона добија најниска оценка досега, а седмата епизода има особено ниска оценка, само 4,2. Работите не се подобри ниту на Rotten Tomatoes, каде третата сезона има само 22 отсто позитивни оценки од публиката, во споредба со првата сезона од 89 отсто и втората сезона од 56 отсто.

Многу обожаватели се собраа на социјалните мрежи за да ги изразат своите размислувања за серијата, а еден обожавател напиша на Твитер: „Оваа нова сезона на The Witcher, особено последните три епизоди, беа едни од најлошите работи што некогаш сум ги гледал“. „Ох, каков неуспех, The Witcher треба да биде откажана“, додаде друг, додека трет рече: „Само откажете ја серијата, веќе е шокантно лоша“.

Но, додека некои ги критикуваа последните неколку епизоди, повеќето се само разочарани од заминувањето на Кавил.

Извор: Index.hr

Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира