Филипче на „Prespa Run and Fun“: Спортот, забавата и природата ја обединија Преспа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, присуствуваше на фестивалот „Prespa Run and Fun“, кој покрај Преспанското Езеро обедини спортски активности, забава и дружење со граѓаните.

Филипче оцени дека настанот привлекол големо внимание во целиот регион, особено меѓу младите, и им честиташе на организаторите за реализацијата на фестивалот.

Во спортската трка учествувале и екипи на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија.

„Позитивна енергија, тимски дух и заедничка дружба со граѓаните“, напиша Филипче во објавата на Фејсбук.

Најчитано