Филипче: На Водно нема да се изгради ниту една цигла додека го водам СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека нема да дозволи изградба во Барутана на Водно додека ја предводи партијата. Во интервју за „Директно“ на Телма, пренесено во соопштение, тој застана зад граѓаните што се противат на деталниот урбанистички план.

Филипче најави дека ставот е усогласен со градоначалникот Герасимовски и ќе биде подробно образложен на заеднички брифинг. Партијата, нагласи тој, ги слуша потребите на граѓаните и нема да поддржи проект што предизвикува нивно сериозно противење.

Според него, реакциите за Барутана се и првото прашање што произлегува од најавениот мастер-план на СДСМ.

Филипче обвини ВМРО-ДПМНЕ дека создава лажна слика за договор со СДСМ за урбанизацијата на Водно. Во врска со споменувањето парцели и компании блиски до ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тоа не ги интересира ниту него ниту партиското раководство.

Гласот и интересите на граѓаните, нагласи Филипче, се врвен приоритет на СДСМ.

Во интервјуто, Филипче повеќепати ја повтори пораката дека противењето на изградбата во Барутана е став зад кој стои и партиското раководство. Реакциите на граѓаните, според него, бараат јасен политички одговор. „Нема цигла да се изгради на Водно додека сум претседател на СДСМ“, рече тој.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?