Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Предлозите за функционери на СДСМ ќе ги презентирам пред општинските, мора да се прифатени од членовите

Тимот околу претседателот на СДСМ и најтесното раководство ќе бидат избрани врз основа на широка дебата што ќе се води во општинските организации на партијата.

Ова го вети пред членството на СДСМ во скопски Карпош кандидатот за претседател на партијата, д-р Венко Филипче. Филипче во својата програма предвидува формирање на нови партиски тела и органи и транспарентен избор врз основа на мислењата на членството.

За време на кампањата, како што потенцира Филипче, нема да разговара кој сè ќе биде во тимот затоа што верува дека тоа треба претседателот да го направи откако ќе биде избран.

„Мојот предлог за кој да биде дел од тимот ќе биде презентиран пред сите општински. Ќе сакам да слушнам сугестии и дебата за тоа кој ќе го води СДСМ и ако проценам дека одредени луѓе не се соодветно прифатени ќе изберам други. Мојата цел е пред сè да имаме луѓе на позиции кои ќе ја вратат довербата кај членовите на партијата бидејќи нашето ткиво моментално е загрозено“, рече Филипче.

Од широката дебата за кој да го води СДСМ треба да произлезат луѓето со најголема поддршка меѓу членството и луѓето со најголем кредибилитет, рече Филипче.

Треба да знаете
Moже да ве интересира