Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ФК Вардар доби унгарски сопственик кој дошол по препорака на Миленко Неделковски

И официјално, фудбалскиот клуб Вардар доби нов сопственик. Станува збор за Унгарецот, Атила Бижен Жалили кој купил 85 отсто од акциите на клубот.

Во соопштение споделено преку фудбалскиот клуб, сопственикот се обрати до фановите, потврдувајќи го преземањето на клубот.

„Во последните неколку години, покрај бизнисите што ги имаме, нашиот фокус беше да преземеме клуб од централна Европа или од Балканот. Имавме неколку опции на располагање. Но, благодарение на упорноста и аргументите кои ни ги презентираше Миленко Неделковски, се одлучивме за најголемиот спортски бренд во Македонија. Да го направиме Вардар повторно голем. Со почит“ – се вели во соопштението на Жалили.

Ваквата објава доаѓа по серијата на протести на навивачката група на ФК Вардар, Комити, кои бараат оставки од раководството на клубот и Миленко Неделковски. На натпреварите тие скандираа пораки со барања Неделковски да се повлече од клубот.

Тие вината за состојбата во Вардар ја лоцираа во Неделковски, кој функционираше како неофицијален директор на клубот, а според соопштението на новиот сопственик Жалили, веројатно тој ќе остане да управува со Вардар.

Вардар имаше неколку тешки години, кога од македнски шампион и единствен македонски ученисник во групната фаза на Лигата на Европа во сезоната 2017/18, падна во втората лига откако претходниот сосптвеник Сергеј Самсоненко се повлече.

Зачлени се на нашиот е-билтен