На 11 Октомври жителите на Пореќе го слават Денот на востанието на македонскиот народ но и богатствата на есента и на здравата храна на манифестацијата Поречки фармер што секоја година традиционално се одржува на овој ден.
И денеска, во срцето на Порече, во селото Самоков се собраа стотици жители на овој крај за да ги презентираат, слават и да им се заблагодарат на даровите на природата, на чистиот воздух и прекрасниот амбиент.
И оваа година на богатите штандови блесна поречката убавина – традиционална храна, плодови од поречките градини, рачни изработки и поречки ора и песни.

Поречани оваа година ја потпишаа и Декларацијата за мир во светот и против сите војни и употребата на нуклеарно оружје, што е иницијатива на Цветиновиот комитет за мир, како иницијатива на македонскиот уметник и мироносец Живко Поповски – Цветин, претставена на 6 август годинава.
Фотографии: Деница Бојаровска






