Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Францускиот институт ја завршува прославата на јубилејот со улично дефиле и претставата „Сонот на Ерберт“

Францускиот институт во Скопје и фестивалот „Скопско лето“ го најавуваат спектакуларното затворање на прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“. Изведбата е на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно и тоа низ целиот свет.

Настанот ќе се одржи на 28 јуни 2024, петок, во 21 часот, а почетно место е Музејот на град Скопје, потоа низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи 4 метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото…

Претставата е наменета за сите возрасти.

На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“.

Зачлени се на нашиот е-билтен