Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француските земјоделци ги блокираат патиштата околу Париз

 Земјоделци денеска го блокираа автопатот А1, еден од главните автопатишта во Франција што го поврзуваат Париз со северниот град Лил, земјите од Бенелукс и Велика Британија, предизвикувајќи километарски сообраќаен метеж.

Тоа е прво поголемо нарушување на сообраќајот предизвикано од протестите во француската престолнина.

Локалните синдикати денеска повикаа да се блокираат патиштата во и околу Париз, со цел да се засили притисокот врз Владата, која земјоделците ја обвинуваат дека не прави доволно за да се справи со ниските цени на храната и прекумерните регулативи.

Француските медиуми објавија дека фармерите утрово ги поставиле првите блокади на патиштата во департманот Есон, јужно од Париз, а за попладне најавени сè уште протести.

Владата соопшти дека ќе ги објави првите итни мерки кои имаат за цел да го намалат незадоволството на земјоделците, а исто така е најавено дека ќе се обрати и францускиот премиер Габриел Атал. Владата не прецизираше кога и каде ќе се обрати Атал, ниту пак какви мерки се предвидени. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира