Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гала филмска вечер со Жилиет Бинош и Беноа Мажимел за отворање на Месецот на Франкофонијата

Со гала филмска вечер в петок (1 март) во 20 часот, во киното „Милениум“, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, поддржани од Зегин, го отвораат Месецот на Франкофонијата со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“.

Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска актерка која живее и работи во Париз.

„Страста на Доден Буфан“ (2023; 136 мин.) е француско-белгиска копродукција, во режија на Тран Ан Хунг, со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел и Емануел Сaленже во главните улоги. Филмот е номиниран за 3 награди „Цезар“ во 2024 и е лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.

Француските медиуми за „Страста на Доден Буфан“ напишаа дека “…е создаден за врвно уживање, во него на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливото готвење и свесната дегустација“. (Bande à part).

„Предупредување: филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Снимен со неверојатна префинетост и нежност, „Страста на Доден Буфан“ е мало чудо кое ќе направи да се вљубите во двојката Жилиет Бинош и Беноа Мажимел како никогаш досега.“ (Ecran large).

„Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување на оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско.“ (France Info Culture).

Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку мејл адресата: culture@ifs.mk (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).

Треба да знаете
Moже да ве интересира