Германската опозиција ги критикува канцеларот Олаф Шолц дека покажал ранливост со тоа што го повикал рускиот претседател Владимир Путин.
Јирген Хардт од Демохристијанската партија вели дека Путин ќе го оцени потегот на Шолц како знак на слабост, а не сила.
Тој го обвини канцеларот дека му овозможил на Путин да постигне „пропагандна победа“.
Хард рече дека Шолц не презентирал нови конкретни предлози, па дури ни поставил, ултиматум.
Сепак, Путин одговара само на сигналите на сила, како што е заканата од значително зголемување на воената помош за Украина, нагласи претставникот на ЦДУ/ЦСУ.
Тој посочи дека примарна цел на Шолц е да сигнализира внатрешно во Германија дека тој е тој што се залага за преговори и дијалог.
Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за прв пат по две години. Ваквиот повик беше критикуван и од украинскиот претседател Володомир Зеленски, според кој со остварувањето контакт со Путин се руши обидот за негова изолација и се отвора Пандорина кутија за понатамошни разговори.