Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гилад Ердан: Израелската влада е разочарана од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

 Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира