Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа се наоѓа на 208. место со 367 бодови.
Тоа е напредок од 14 позиции во однос на претходното рангирање, а напредокот најмногу се должи на нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон.
Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од шестата носителка Аманда Анисимова.
Најдобриот пласман на ВТА листата на Ѓорческа останува 170. место на кое беше рангирана во 2017 година.
