Градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски, неуморен: Општинските служби го исчистија и Калето

„Веднаш реагиравме на проблемот со натрупаниот отпад во Кале и презедовме акција за комплетно чистење на маалото. Подигнавме смет, направивме дезинфекција, ги искречивме ѕидовите и поставивме дополнителни канти за отпад“, напиша градоначалникот на Општина Центар на св ојот ФБ профил.

Герасимовски кој со денови неуморно е на улиците во скопски центар заедно со вработените додаде дека ‘општински служби секојдневно се на терен, работат посветено и создаваат попријатен простор за живеење’.

„Освен на Кале, викендов спроведовме голема акција за чистење на шест локации низ Центар – ги миевме улиците, ги чистевме клупите и ја подобривме хигиената во целото подрачје. Продолжуваме со грижа за секој дел од нашата општина!“, порача Герасимовски.

Општина Центар спроведе акција за расчистување на едно од маалата во населбата Кале, кое до пред една недела беше затрупано со смет и имаше само една канта за отпадоци. Според општината, ЈП „Комунална хигиена“ не го одржувало овој простор, па затоа локалните власти интервенираа за да го подобрат изгледот и хигиената на овој дел од градот.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во рамки на акцијата е подигнат целиот отпад, извршена е дезинфекција, искречени се ѕидовите и поставени се повеќе канти за отпадоци.

Герасимовски информира дека во текот на вчерашниот ден биле спроведени повеќе чистечки акции во централното градско подрачје, при што бил подигнат сметот, испрани улиците и исчистени урбаните елементи на шест различни локации.

Со оваа акција, Општина Центар најавува продолжување на активностите за одржување на чистотата и унапредување на животната средина за жителите.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?