Гроси: Иран не е транспарентен во врска со својата нуклеарна програма

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Маријано Гроси денеска на Светскиот владин самит во Дубаи изјави дека официјален Иран „не е целосно транспарентен“ во врска со својата нуклеарна програма.

Таквиот коментар следи откако поранешниот шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран, Али Акбар Салехи, на државната телевизија изјави дека таа земја ги поседува сите делови за нуклеарно вооружување „во своите раце“.

По пропаѓањето на нуклеарниот договор со западните сили од 2015 година, Иран го започна процесот на збогатување ураниум, а се верува дека официјален Техеран има акумулирано доволно збогатен ураниум за да направи атомско оружје.

Од друга страна, американските и другите западни разузнавачки агенции процениле дека Иран се уште не започнал со производство на нуклеарно оружје.

Гроси денеска на Самитот во Дубаи рече дека Иран „покажува лице кое не е целосно транспарентно кога станува збор за неговите нуклеарни активности.

„Се разбира, тоа ги зголемува опасностите“, предупреди Гроси.

Треба да знаете
Moже да ве интересира