Хамнеи помилува и ги ублажи казните на 2.827 осуденици, од кои 53 осудени на смрт

 Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска го одобри барањето на судството за помилување или ублажување на казните на повеќе од 2.800 осуденици, вклучително и 53 лица осудени на смрт.

Хамнеи ја донесе одлуката во пресрет на Курбан Бајрам и по повод 45-годишнината од Исламската револуција.

Помилувањето се однесува на вкупно 2.827 осуденици, а судството соопшти дека се помилувани 53 лица осудени на смрт и дека сега нивните казни се променети во затворски казни, пренесе иранската новинска агенција ИРНА. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира