Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ХРВ ја истражува милицијата РСФ во Дарфур за сторен геноцид

Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воќ (ХРВ) ги обвини Силите за брза поддршка (РСФ) и нивните сојузници за етничко чистење во суданскиот регион Западен Дарфур, е заклучок во извештајот објавен денеска.

Обемот на убиства покренува прашања дали РСФ сакала да убие големи делови од етничката група Масалит, во Западен Дарфур, што би укажало на можен геноцид, соопшти ХРВ, пренесе ДПА.

РСФ повеќе од една година се бори во граѓанската војна против владините трупи во Судан. Командантот на РСФ,  Мохамед Хамдан Дагло, води крвава борба за превласт со суданскиот де факто владетел Абдел Фатах ал-Бурхан. Двајцата во еден период заедно ја презедоа власта, појаснува германската агенција.

Во текот на изминатите 12 месеци конфликтот ја предизвика досега најголемата бегалска криза во светот, бидејќи според податоците на Обединетите нации, во земјата има над осум милиони лица во бегство.

Набргу по почетокот на конфликтот, РСФ и нејзините сојузнички арапски милиции од април до јуни 2023 година ги напаѓаа селата што и припаѓаат на етничката група Масалит, во Ел Генеина, во Западен Дарфур, се наведува во извештајот на ХРВ.

На почетокот на ноември имаше уште еден бран на насилство, во кој имаше силувања, тортура и грабежи.

Во моментов се зголемуваат борбите околу Ел Фашер.

ХРВ смета дека итно е потребна нова мисија на ОН за заштита на цивилите и санкции.

-Глобалната неактивност пред злосторствата од оваа големина е неоправдана, рече Тирана Хасан, извршен директор на ХРВ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира