Иракли Кобахидзе именуван за премиер на Грузија

Парламентот на Грузија денеска изгласа дека новата Влада на таа земја ќе ја предводи Иракли Кобахидзе, поранешен претседател на владејачката партија Грузиски Сон.

Кобахиџе доаѓа на местото на Иракли Гарибашвили, кој неочекувано поднесе оставка на 29 јануари, пренесува Политико.

Порталот го опишува Кобахидзе како силен критичар на западните влади и кој ги обвинува ЕУ и САД дека сакаат да ја вовлечат Грузија во војната на Украина и Русија.

Истовремено, Политико пишува дека неговите напади врз пратениците на Европскиот парламент претставуваат обид да се компромитира обидот на Грузија да стане членка на Европската унија.

Кобахидзе беше заговорник на законот за странски агенти, сличен на законот што постои во Русија и САД, кој ќе и овозможи на владата да ја заостри контролата врз невладините организации и медиумите финансирани од странство.

Предлог-законот беше отфрлен во март минатата година, по масовните протести во Тбилиси. Иако назначувањето на Кобахидзе не се очекува да донесе големи промени во грузиската политика, опозицијата стравува дека назначувањето на западен критичар за премиер може да биде штетно за европските аспирации на земјата, пишува порталот. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира