Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Истражувач на „Германскиот Маршалов фонд“: Еве што добива Орбан од предлогот да посредува во спорот меѓу Скопје и Софија

Радио слободна Европа на бугарски јазик во својата анализа укажува на една можна „добивка“ за Орбан со неговиот предлог да посредува меѓу Северна Македонија и Бугарија.

На средбата во Скопје, пишува бугарската редаскција на РСЕ и во настапите пред медиумите, Орбан и Мицкоски не го криеја задоволството од соработката и блискоста меѓу нив, забележува македонската редакција на Радио Слободна Европа.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и унгарскиот Фидес на Орбан всушност, потсетува медиумот, одржуваат блиски врски долги години, а нивната блискост сега не е изненадувачка. Но, што добива Орбан од ова?

Даниел Хегедус, виш истражувач во „Германскиот Маршалов фонд“ во Берлин, укажува дека Унгарија долги години има политичко и економско влијание во Северна Македонија.

Поранешниот премиер од ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во 2018 година побегна токму во Будимпешта, откако беше осуден на затворска казна за злоупотреба на власта, перење пари и други кривични дела.

Пред две децении, Унгарски Телеком стана најголемиот странски инвеститор во македонскиот телекомуникациски сектор. Неодамна и Скопје од Унгарија зеде заем од 500 милиони евра.

Орбан намерно ги зајакна овие врски меѓу политичката и деловната елита откако ја презеде власта во Будимпешта во 2010 година, изјави Хегедус за унгарската редакција на Радио Слободна Европа.

„Така, тој купува влијание во геополитички стратешки регион, зашто тоа му гарантира лојалност меѓу елитите кои еден ден би можеле да бидат сојузници во ЕУ“, резимира Хегедус.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново