Истражување: Илјадници украински семејства во Британија се изложени на ризик од бездомништво

Илјадници украински бегалски семејства се изложени на ризик да останат бездомници оваа зима и имаат четири пати поголема веројатност да завршат на улица отколку семејствата од Велика Британија, покажа истражувањето на британскиот Црвен крст.

Организацијата и Универзитетот Хериот-Ват во извештајот бараат да се обезбедат дополнителни средства за украинските семејства, со цел да се спречи нагло зголемување на бездомниците во таа група.

Во извештајот се вели дека 6.220 украински бегалски семејства се очекува да аплицираат за поддршка за бездомниците до крајот на оваа финансиска година, што е зголемување од 13 отсто во однос на претходната година.

Истражувачите открија дека украинските семејства се изложени на далеку поголем ризик од бездомништво од другите семејства во Велика Британија.

Вкупно 298.430 семејства аплицирале за поддршка за бездомниците во 2022/23 година, што е 1,24 отсто од сите домаќинства во Англија во таа финансиска година.

Досега, повеќе од 192 илјади Украинци пристигнале во Велика Британија преку две главни владини програми – Домови за Украина, каде британските семејства примаат бегалци и Украинската семејна шема, која им овозможува на Украинците да им се придружат на членовите на семејствата населени во таа држава. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира