Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Истражување: Опаѓа популарноста на САД низ светот поради поддршката на војната на Израел во Газа

– Глобалната популарност на Соединетите Американски Држави опаѓа поради поддршката за израелската војна во Газа, покажува најновото истражување на невладината организација „Сојуз на демократијата“.

Истражувањето е спроведено на околу 63.000 луѓе во 53 земји. Според анкетите спроведени од 20 февруари до 15 април, угледот на САД најмногу паднал во земјите со мнозинско муслиманско население, но и во Европа.

„За првпат од почетокот на администрацијата на Бајден, многу западноевропски земји се вратија на негативната перцепција за САД“, рече Фредерик Дево од истражувачката компанија „Латана“.

Тој изјави дека негативните ставови кон САД се зголемени особено во Германија, Австрија, Ирска, Белгија и Швајцарија. Позитивните ставови кон Кина, пак, се во пораст во Азија, Северна Африка, Блискиот Исток и Јужна Америка, и покрај европскиот скептицизам кон неа. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира