Израел ги обвини експертите на ОН дека ја повторуваат пропагандата на Хамас за ситуацијата во Газа, нешто што го нарече „жалосно“, пишува Би-Би-Си.
Седум експерти за човекови права под мандат на ОН изјавија дека веруваат дека цивилите во Газа се изложени на сериозен ризик од „геноцид“ и дека истекува времето за да се спречи тоа.
Групата специјални известувачи тврдеше дека Израел планира да го „десецира“ Појасот Газа и го повика Израел и неговите сојузници да се согласат на итен прекин на огнот, а Хамас и другите милитанти да ги ослободат сите заробени цивили.
„Ситуацијата во Газа достигна катастрофална пресвртна точка“, рекоа тие, според соопштението на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН.
Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како што пренесува Ријтерс, рече дека утврдување на геноцид може да донесе само релевантно правосудно тело на ОН
Израел, го обвини Хамас дека користи цивили како жив штит и дека ја пренасочува помошта за терористички операции.
„Сегашната војна беше изведена врз Израел од терористите на Хамас кои извршија масакр на 7 октомври, искасапејќи 1.400 луѓе и киднапирајќи 243 деца, мажи и жени“, соопшти израелската мисија во ОН во Женева.