– Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Чианг изјави дека американските воени бродови и авиони предизвикале проблеми и провокации на прагот на Кина и извршувале големи, чести акции во водите и воздушниот простор на земјата.
Неговата изјава уследи откако американскиот брод разурнувач „Џон Фин“ вчера првпат по претседателските избори во Тајван, што се одржаа на почетокот на овој месец помина низ Тајванскиот Теснец.
Американската морнарица соопшти дека нејзиниот воен брод поминал низ коридор во Тајвански Теснец кој е „надвор од територијалните води на која било земја без море во областа“.
Во меѓувреме, новоизбраниот тајвански претседател Вилијам Лаи првата постизборна средба со претставници на американскиот Конгрес изјави дека се надева оти цврстата американска поддршка ќе продолжи и во иднина. Тој го изјави ова на својата.
Двопартиска делегација од американскиот Конгрес ја потврди својата поддршка за Тајпеј за време на денешната посета на Тајван по изборот на нов претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 мај. Тоа е прва посета на американски конгресмени на Тајван откако Демократската напредна партија, која бара независност, освои трет последователен мандат на претседателските избори на 13 јануари.
За Кина, Тајван е отцепена провинција, која би употребила и сила да го врати под своја ингеренција, а Лаи го смета за опасен сепаратист и ги отфрла неговите понуди за разговори.
– Кинеската војска продолжува да тренира и да се подготвува за војна и ќе продолжи редовно да организира соодветни воени операции. Тајван е нераскинлив дел од Кина и никогаш нема да стане посебна и независна земја … никогаш нема да успеат плановите на странските сили да ја поделат Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство за национална одбрана Ву Чианг.