Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кинеските министри пристигнаа во Белград каде беа пречекани од вицепремиерот Синиша Мали

– Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа попладнево во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, што денеска ќе ја започне кинескиот претседател, Си Џинпинг.

Белградски медиуми пренесоа објава на вицепремиерот и министер за финансии, Синиша Мали кој на белградскиот аеродром ги пречека министерот за финансии на Кина, Лан Фоан, министерот за трговија, Ванг Вентао и министерот за надворешни работи и директор на канцеларијата на кинеската комисија за надворешни работи, Ванг Ји.

-Ја продолжуваме соработката на нашите земји, со цел заедно да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. Ова е продолжување на долгорочното, просперитетно и челично пријателство, објави Мали.

Претседателот на Кина, Си Џинпинг вечерва ќе го посети Белград, а во Србија ќе ја предводи кинеската делегација од 400 лица. За време на посетата се планира да бидат потпишани над 30 договори.

Си доаѓа во Србија во рамки на петдневната посета на Европа, што ја започна со посета на Франција на 5 мај, а по Белград ќе ја посети Будимпешта. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира