Колозова: ЕУ е сет на правила и стандарди кој треба да не обликува како либерална демократија

„Јас сум еврооптимист и мислам дека ЕУ е гаранција за одење во правец каде има владеење на правото. Вој тој процес не ја гледам ЕУ како ентитет, кој ќе не фати за рака и воведе, туку како сет на правила и стандарди, калапот кој ќе не облкува во посакуваниот правец, кој подразбираме дека е европска либерална демократија“, рече професорката Катерина Колозова на поткастот „Европски стандарди, популизам и избори“ со вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Таа додаде дека и во ЕУ има земји кои имаат демократско назадување, како Унгарија под водство на Орбан кој својот систем го опишува како илиберална демократија.

„Има бројни книги, на една сум и јас коуредник, издадена од Џорџ Вашинтон универзитетеот, со наслов ‘Илибералните демократии во Европа – авторитарниот предизвик на кризат на либерализмот’ каде во куп поглавја се дискутираат Орбан и Груевски“, рече Колозова.

Таа додаде дека корупцијата во општеството се врзува со авторитаризмот, бидејќи заробената држава не е само корупција, туку држење во недемократска контрола на институциите и гушење на развојот.

„Авторитаризмот е отстапување од традијцата на ЕУ и затоа ЕУ и останувањето на таа патека го гледам како решение“, рече Колозова.

Треба да знаете
Moже да ве интересира