Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура е европска, македонскиот јазик е европски

„Македонската култура е европска и македонскиот јазик е европски. Заштитата на културното наследство е европска вредност“, истакна коносителката на листата во ИЕ5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бисера Костадиновска-Стојчевска на централниот митинг во Скопје.

Таа додаде дека нема да се дозволи никој да си игра со идентитетот и културата.

„Го вративме назад достоинството на културните работници, во изборната единца 5 не се откажуваме од иднината“, порача Костадиновска-Стојчевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира