Костадиновска Стојчевска: Синдикатот да не дезинформира, културните работници за мартовската плата ќе добијат највисоко покачување до сега

Синдикатот да не дезинформира туку да потврди дека културните работници за мартовската плата ќе добијат највисоко покачување до сега.

Министерството за култура најостро се спротиставува на дезинформациите и создавањето паника од страна на Синдикатот на културата на Република Македонија кон вработените во културата.

Има само една вистина и таа е дека во преамбулата од Решението испратено до вработените во културата стои член 14 од Општиот колективен договор и стекнатото право за повисока плата ќе се применува и за мартовската плата.

Основа за пресметка на платата е минималната плата според гранковиот колективен договор, а претходно утврденото право според општиот колективен договор продолжува да важи.

Со ова решение се утврдува само висината на минималната плата согласно закон, сите претходно стекнати права остануваат. Остануваме како Влада посветени на соодветното вреднување на трудот на уметниците и на сите вработени во секторот култура, објави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на нејзиниот ФБ профил.

Треба да знаете
Moже да ве интересира